Фетел доби трибина на Алберт Парк

Loading...

Точно десет дена нè делат од првата трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Австралија, која на 17.март ќе се вози на патеката Алберт Парк во Мелбурн.

Организаторите на трката, решиле да му оддадат признание на актуелниот светски првак Себастијан Фетел, така што новата трибина ќе го носи неговото име. Навивачите кои ќе бидат сместени на трибината „Фетел“ ќе имаат спектакуларен поглед на свиоците три, четири и пет на Алберт Парк. Организаторите очекуваат овогодишното издание на трката во Мелбурн да биде многу успешно, бидејќи продажбата на билети одела многу подобро отколку минатата година. Главните трибини веќе биле распродадени, па токму поради тоа организаторите решиле да изградат уште една трибина, на која и го дадоа името на трикратниот светски шампион.
Макфакс
Точно десет дена нè делат од првата трка во првенството на Формула 1, Големата награда

loading...