ФИФА го негира тврдењето на Пандев

Loading...

Светската фудбалска федерација ФИФА, со соопштени го демантира Горан Пандев, кој изјави дека во гласањето за тренер на годината својот глас му го дал на Жозе Мурињо, а не на Винсенте дел Боске.„Имаме потпишани документи од Фудбалската федерација на Македонија, во нив јасно се гледа дека гласовите кои ги објавивме во име на Пандев се истите кои ги добивме од Македонија“, стои во соопштението.Од ФИФА, нагласија дека овие документи лесно можат да и станат достапни на јавноста и појаснија дека истите биле поднесени на 9.ноември 2012 година.Инаку, во четвртокот, многу влијателни европски медиуми ја пренесоа изјавата на Пандев, која ја дал за италијанската телевизија Ла Секста, во која капитенот на македонската репрезентација тврди дека својот глас за тренер на годината му го дал на својот поранешен тренер Жозе Мурињо.
МакфаксСветската фудбалска федерација ФИФА, со соопштени го демантира Горан Пандев, кој изјави дека во гласањето за тре

loading...