Форбс објави список со највредните клубови: европски фудбалски клубови далеку зад екипите на НФЛ и НБА

Loading...

Магазинот „Форбс“ објави листа на највредните спортски клубови во светот и оваа година, предводена од Далас Каубои, американскиот фудбалски тим, кој се проценува на 5,5 милијарди долари, веќе 5-та година по ред. 

Го следат бејзболскиот тим на Јенки со пет милијарди, а потоа три кошаркарски НБА екипи – Никси (4,6 милијарди), ЛА Лејкерси (4,4 милијарди) и Голден Стејт Вориорс (4,3 милијарди).

Три европски фудбалски гиганти се меѓу првите 10, а првиот е Реал Мадрид, кој се проценува на 4,24 милијарди. Барселона вреди четири милијарди, Манчестер Јунајтед е на 10-то место (3,8 милијарди долари), Баерн Минхен е на 24-то место (3,02 милијарди), Манчестер Сити е на 34-то место (2,69), Челси е на 37-то место (2,58), Арсенал е на 47-то место (2,27). 

loading...