Хорнер негира завера против Вебер

Loading...

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер негира дека постои завера против Марк Вебер, откако Австралиецот имаше катастрофален настап на Големата награда на Кина.

Вебер во Шангај посакуваше добра резултат по контроверзната трка во Малезија, на која Себастијан Фетел ги игнорираше тимските наредби и стигна до победата. Сепак Вебер имаш лош викенд во Шангај, во квалификациите поради недоволно гориво во резервоарот, тој беше дисквалификуван па трката ја започна од последното место, а за време на трката по контактот со Жан-Ерик Верње и влегувањето во пит-стопот, по излегувањето на патеката остана без еден пневматик. Во разговор со новинарите по трката во Кина, на која победи Фернандо Алонсо, Хорнер истакнал дека го нервира и самата помисла дека тимот се обидува да му наштети на Вебер. „Тоа се глупости. Заборавете дека постои завера. Се обидовме двата болиди да стигнат до целта и да за бележиме што е можно подобар резултат“, рекол Хорнер. Кога му било кажано дека и Вебер не ја негирал можноста за завера, Хорнер одговорил: „Марк знае што се случи. Нема никаква завера. Инаку по трката во Кина се појавија информации дека Вебер следната сезона ќе се натпреварува во Светското првенство на издржливост, откако наводно потпишал петгодишен договор со Порше. Овогодишното првенство во Формула 1 продолжува в недела со трката за Големата награда на Бахреин.
Makфакс
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер негира дека постои завера против Марк Вебер, откако Австралиецот имаше катастрофален нас

loading...
Loading...