Цената на нафтата во благ пад по податоците од еврозоната

Loading...

Цената на барел нафта благо се спушти во петокот на меѓународните берзи по разочарувачките податоци од еврозоната кои ја обновија загриженоста за проблемите кои го притискаат регионот.
Цената на барел сирова нафта на лондонската берза падна за 28 центи, на 117,22 долари, а на американскиот пазар се тргуваше по 22 центи пониска цена, од 97,10 долари.Во последното минатогодишно тримесечје еврозоната падна во подлабока рецесија, забележувајќи пад на активностите на квартално ниво од 0,6 отсто, што е најголемо ниво од 2009 година, покажаа податоците на европскиот завод за статистика објавени вчера.Најголемите економии на еврозоната, германската и француската, се во послаба состојба од очекуваното, што значи дека проблемите не се отстранети.Податоците од еврозоната се надоврзаа со разочарувачките податоци од Јапонија, кои сигнализираа дека државата се уште се бори со рецесијата, а сеуште не се решени ниту американските фискални проблеми.Сметам дека на инвеститорите полека им стануваат јасно дека пред нас се уште бројни препреки. Оттука не чуди што цената на нафтата во Лондон падна. Од друга страна берзите и натаму имаат поддршка од геополитичката криза“, толкува Тони Нунан од Mitsubishi.Значителен пад на цената спречува обновената загриженост околу иранската нуклеарна програма и напнатоста во другите делови на Блискиот исток, како и добрите податоци од американскиот пазар на труд.
МакфаксЦената на барел нафта благо се спушти во петокот на меѓу

loading...
Loading...