ЦРНА БОЈА НА СЛИКАТА НА ГУСТАВ КЛИМТ: Продолжува нападот на еко активистите! Мета музеј во Виена

Продолжува бесот на еко-активисти кои ги напаѓаат музеите и уништуваат уметнички слики со непроценлива вредност, не само финансиски, туку и културно наследство на целиот свет. По Париз, Лондон, Мадрид, на ред дојде Виена.

Имено, таму двајца еко-активисти истуриле црна боја на сликата на Гутава Климт „Смрт и живот“, со цел да укажат на еколошките проблеми во светот.

ЦРНА БОЈА НА СЛИКАТА НА ГУСТАВ КЛИМТ: Продолжува нападот на еко активистите! Мета музеј во Виена

Кој е Густав Климт?

Густав Климт, познат сликар на Арт Нову. Неговите слики се познати низ целиот свет и достигнуваат високи цени. А сепак, златната боја, често присутна во неговите дела, некои ја сметаат за кич. Климт е роден на 14 јули 1862 година во семејство со скромни средства, па благодарение на стипендијата добил можност да студира на Виенската школа за уметност.

Заедно со неговиот брат, Ернст Климт, кој одел во истото училиште, како и неговиот колега Франц Мах, работел вредно и брзо напредувал. Покрај работата за украсување тавани и театри, тој стана познат и како портретист на добростоечки еврејски граѓани. Тој не работеше само на слики, туку во соработка со архитекти дизајнираше цели куќи и вили како „вкупни уметнички дела“.

Во 1894 година добил нарачка за три монументални слики на таванот на големата сала на Универзитетот во Виена. Неговото алегориско прикажување на трите факултети – правниот, филозофскиот и медицинскиот – предизвика скандал. Густав Климт починал на 6 февруари 1918 година како последица на мозочен удар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.