ЦРНА ВДОВИЦА БАРА НОВО СУДЕЊЕ: Ловела постари и богати сопрузи преку агенции за запознавање, па ги труела со цијанид

Јапонката Чисако Какехи, која беше осудена на смрт во 2017 година под обвинение за убиство на четворица мажи поради наследство, бара повторно судење, пренесува РИА Новости.

Чисако Какехи има 75 години. Нејзиното судење започна во јуни 2017 година, а смртната казна беше изречена во ноември истата година. Севкупно, таа е осомничена за убиство на повеќе од 10 мажи. Обвиненија беа поднесени во осум случаи, но поради изминатото време од убиствата и недостигот на докази, само четири предмети отидоа на судење.
ЦРНА ВДОВИЦА БАРА НОВО СУДЕЊЕ: Ловела постари и богати сопрузи преку агенции за запознавање, па ги труела со цијанид

Чисако користела цијанид за време на убиствата и го добила прекарот Црната вдовица.

Во Јапонија, таа често ја споредуваат со лик во детективски роман, бидејќи нејзините жртви обично биле постари вдовци.

Нејзиното барање беше поднесено до Окружниот суд во Кјото во саботата, според новинската агенција Кјодо.

Чисако Какехи има 75 години. Нејзиното судење започна во јуни 2017 година, а смртната казна беше изречена во ноември истата година. Севкупно, таа е осомничена за убиство на повеќе од 10 мажи. Обвиненија беа поднесени во осум случаи, но поради изминатото време од убиствата и недостигот на докази, само четири предмети отидоа на судење.

Едно од нив е убиството на нејзиниот последен сопруг Исао Какехи. Тој почина еден месец по неговата венчавка со Чисак. Своите жртви ги запознала откако ги користела услугите на 20 брачни агенции. За време на животот на нејзиниот претходен партнер, таа истовремено комуницирала со многу други мажи, барајќи нова жртва…

По смртта на нејзиниот сопруг, таа доби околу една милијарда јени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.