Цуцуловски: НАРОД

НАРОД. Начинот на кој народот говори многу кажува за природата на нештата, само треба да се слуша. За периодот кога бил под Отоманското царство вели „Во турско време“ Потоа, дошле Балканските војни и Првата светска војна, кога било секакво – и бугарско, и српско и грчко време Потоа, повторно дошло српско време. После српско, повторно дошло бугарско време. И така (сè до 1944/1945 год.) народот никогаш не рекол „Во наше време.“ Тоа значи дека народот никогаш не се чувствувал како бугарски, српски или грчки. Кога би се чувствувал така, не би говорел за бугарско, турско, српско или грчко време, туку би говорел за наше/негово време…
Мудар е народот и точно знае кој е и што е. Само, што некои (како политичарите, на пример) треба да го слушаат, наместо да го игнорираат и да формираат комисии, чија задача е да ги ревидираат историјата и неговите сеќавање. Ова на ум треба да го имаат комисиите, особено македонските комисии, наместо да пелтечат во стилот „Ќе видиме, ќе провериме…“, бидејќи нема што да се проверува. Тука е народот. Историјата не ја создаваат ниту комисиите, ниту политичарите. Неа ја создава и постои во колективното сеќавање на народот. Во случајов, на македонскиот народ.