Червар пред натпреварот против Хрватска: Македонија е мојата втора татковина

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3то коло Б-групата на Светското ракометно првенство.
– Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победат. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов…
Ќе мораме да бидеме претпазливи – изјави Червар.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

Loading...