Червар: Спортскиот мотив пресуди да дојдам во Металург

Тренерот на Металург, Лино Червар, во интервју за специјализираниот ракометен портал „ballkan-handball.com“, меѓу другото проговори и за мотивите за неговото доаѓање во Македонија, истакнувајќи дека спортскиот, а не финансискиот момент биле пресудни што ја прифатил понудата да биде тренер на Металург.„Го прашувам сопственикот кој е шампион на Македонија? Што очекувате од мене? Тој ми одговори – да воведеш работна етика, да работиш на македонски проект со млади ракометари, да ги контролираш тренерите, да пренесуваш искуство, школата на Металург да стане една идеја. Во себеси помислив, па тоа не ги задоволува моите амбиции. Кога дојдов да го гледам натпреварот на Вардар во квалификациите за Лигата на шампиони, на полувремето ме повика претседателот Михајловски, кого исклучително го почитувам, да се видиме. Ме праша, добро Лино, што те натера, со таков рејтинг, да дојдеш во Македонија? Јас имам намера уште неколку години да бидам шампион со Вардар, ти можеш да освоиш некоја титула во Купот“, го раскажува настанот од 2009 година Червар.Металург со доаѓањето на Червар во клубот ги бележи своите најголеми успеси, освои три шампионски титули и исто толку трофеи во купот, во Лигата на шампиони минатата сезона играше во осмина финалето, а оваа сезона направи чекор повеќе.Металург во четвртфиналето во Лигата на шампиони во двомечот ќе игра против Киелце, првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 21-ти април.
МакфаксТренерот на Металург, Лино Червар, во интервју за специјализираниот ракометен портал „

Пронајдете не на следниве мрежи: