ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЌЕ ТЕЖИ ДУРИ 350 МИЛИОНИ ЕВРА

Loading...

ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЌЕ ТЕЖИ ДУРИ 350 МИЛИОНИ ЕВРА

Утре Владата на вонредна седница ќе расправа за овој сет на мерки.

Овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани.

„Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД 1 и дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите“ – рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната седница на Економско-социјалниот совет.

Со новите мерки повторно ќе има платежни картечки, ќе бидат опфатени и пенизонери со пониски пензии, ќе има евтини кредити за фирмите но и државни гаранции , даночни ослободување и субвенции за плати на вработени од фирми кои се најпогодени од корна кризата.

Четвртиот пакет економски мерки е доста обемен, со оглед на тоа дека се опфатени и компаниите со цел поддршка за нивни опстанок во време на корона пандемијата, задржување на работните места и поддршка на граѓаните.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...