Чинговски за случајот Талир: Во сефот на Божиновски имаше пачки со пари

Loading...

Чинговски за случајот Талир: Во сефот на Божиновски имаше пачки со пари

Чинговски кој беше 6 години директор на ЕЛЕМ денеска исто така сведочеше за случајот ТАЛИР (незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ) и објасни како се одвивала комуникацијата со Кирил Божиновски кој што беше Генерален Секретар на партијата во тоа време.

Обвинителката Ленче Ристовска го испраша Чинговски каква била канцеларијата на Божиновски во време кога се среќавале. На тоа тој одоговори: Канцеларијата му беше во еден многу ужасен неред. Расфрлани материјали, рекламен материјал, постери, предизборни програми.

Ленче го праша Чинговски и дали го видел сефот отоворен. На што тој одговори: Сефот секогаш беше затворен, само еднаш го видов подотворен. Тогаш видов нешто што изгледаше како финансиски средства, беа во пачки.

Денеска сведочеше и Силјан Мицевски на истото рочиште. За неговата изјава дека му давал пари на Груевски на рака прочитајте подолу:

Силјан Мицевски: му давав на рака пари на Груевски

Мицевски исто така сведочеше дека давал пари на сила и за МЗТ:

Силјан Мицевски: на сила платив 70.000 евра за да го спасам МЗТ

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...