Чоколаден десерт со вишни

Loading...

Свесни сме дека на сите им е најлесно да одат до продавница и да си купат десерт доколку имаат потреба од шеќер во текот на денот.
Лошата страна на купените производи е во тоа што не можете да знаете на кој начин и во какви услови е направен производот. Друга негативна страна на ваквите производи е тоа што во нив се додаваат разни конзерванси кои се штетни по вашето здравје. Затоа подгответе се за работа и направете го сами овој вкусен десерт со вишни.


Потребно е:
100 грама црна чоколада
100 грама бела чоколада
8 лажици зејтин
15-20 парчиња вишни


Чекор 1: На пареа стопете ја чоколадата за готвење заедно со 4 лажици масло, а потоа во друг сад направете го истото со белата чоколада.
Чекор 2: Земете мали хартиени корпи и започнете да ги полните до половина со црна чоколада, а внатре ставете им по 1 вишна во средина. Потоа истите затворете ги со бела чоколада и оставете ги во замрзнувач едно 10-15 минути за да се изладат.
Совет: Можете да користите млечна или црна чоколада, зависи каква чоколада повеќе преферирате.

loading...