Шванштајгер посакува реми на „Емирејтс“

Loading...

Арсенал и Баерн Минхен, во вторник на „Емирејтс“ во Лондон, ќе го одиграат првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони.

Двете екипи, во елитното натпреварување влегоа со големи амбиции, но Баерн има нешто поголеми шанси од двомечот да излезе како конечен победник. Арсенал, игра лошо оваа сезона, особено тоа се однесува на домашните натпреварувања, каде минатата недела беше елиминиран и од ФА купот, што значи дека ’тобџиите’ и оваа сезона ќе ја завршат без трофеј. Екипата на Арсен Венгер трофеј нема освоено од 2005 година, кога во финалето на ФА купот го совладаа Манчестер Јунајтед. Прес конференцијата пред натпреварот минала во препукувањата помеѓу новинарите и менаџерот на Арсенал, во чија одбрана застанал колегата од спротивната страна Јуп Хајнкес. Играчот од редот на врска на Арсенал, Џек Вилкшир, изјавил дека мотив за неговите соиграчи треба да биде минатогодишната победа на Челзи над Баерн, во финалето на ЛШ. „Би требало да го гледаме натпреварот на Челзи. Немаа добра сезона, можеби на крајот имаа и среќа, но покажаа карактер, а тоа мораме сега и ние да го направиме. Мораме да играме како тим, имаме добра атмосфера, добри лидери на теренот и тоа ќе ни помогне“, рекол Вилкшир. За овој натпревар Арсенал ќе биде посилен за Лоран Кошелни и Томас Вермален кои поради повреди го пропуштија мечот со Блекбурн во ФА купот, додека Вилкшир најверојатно ќе започне од клупата за резерви. Лукаш Подолски напаѓачот на Арсенал ќе игра против својот поранешен клуб. Еден од клучните играчи на Баерн, Бастијан Швајнштајгер оценил дека екипата силно го посакува трофејот во ЛШ, оценувајќи дека Баерн има голем напредок во играта, во однос на минатата сезона. „Мојата екипа играше два пати во ЛШ и не успеа да победи, го посакуваме трофејот, сега сме поискусни и сигурно чекориме кон целта. Посилни сме во однос на минатата сезона, кога загубивме во финалето од Челзи. во однос на тој натпревар имаме многу поквалитетни играчи на клупата. Тоа е клучна работа пред мечот со Арсенал. Челзи тогаш ги имаше Торес и Малуда што му помогна да победи. Во тоа е разликата, ние сега имаме повеќе играчи во ростерот“, заклучил Швајнштајгер. Германскиот репрезентативец дополнил дека покрај неговиот тим уште пет екипи конкурираат за освојување на трофејот, истакнувајќи дека 0:0 или 1:1 би бил добар резултат за Баерн пред реваншот во Минхен.
Макфакс
Арсенал и Баерн Минхен, во вторник на „Емирејтс“ во Лондон, ќе го одиграат првиот

loading...