Шолц контра Путин: Мислеше дека ќе не подели, но го постигна спротивното

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите воени цели во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц контра Путин: Мислеше дека ќе не подели, но го постигна спротивното

Во своето обраќање пред Бундестагот, Шолц рече дека Украина успешно ќе се брани и дека Германија ќе ја поддржува со оружје, финансиски и на сите други начини, се додека тоа е потребно.

Путин веруваше дека може да ги разедини Европејците, но го постигна спротивното – рече Шолц.

Тој истакна дека Путин ја користи енергијата и гладот ​​како оружје и дека тоа не му помогнало во борбата против единството на Европа.

Шолц, говорејќи за енергетската криза, рече дека цената на енергетските производи е превисока и дека мора да има намалување.

Тој рече дека на Самитот на ЕУ ќе се разговара за тоа како да се намалат цените на струјата, гасот, нафтата и парното.

Еден од инструментите за намалување на тие цени е, како што посочува, „кочницата“ за цената на струјата, донесена од германската влада, која е на линија на европскиот пат.

Кога станува збор за гасот, тој посочи дека ќе биде нешто потешко, бидејќи предлогот на Европската комисија за воведување максимална цена носи ризик производителите на гас да можат да продаваат гас на други, а не на ЕУ по повисока цена.

Затоа, посочува, важно е ЕУ да се договори со другите големи потрошувачи на гас како Јапонија и Кореја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.