Шпанските клубови на државата и должат 670 млн.евра

Шпанските фудбалски клубови, на Владата за неплатен данок и должат 670 милиони евра, соопшти во четвртокот Спортскиот совет.

Претседателот на советот Мигел Карденал рекол дека сумата е помала од онаа пред една година, кога клубовите на владата и должеле 750 милиони евра. Карденал за шпанската радио станица Копе го оценил намалувањето на долгот како „позитивно“. Европската фудбалска унија (УЕФА) на Малага и го забрани учеството во европските купови на една сезона, бидејќи клубот на играчите не им ги исплатил платите, а не ги платил ниту даноците, што дел од напорите на УЕФА да ги натера клубовите да го средат финансиското работење. Големите долгови, во последните неколку години примораа неколку шпански клубови да побараат заштита од банкрот. Последна екипа која тоа го стори е Депортиво Ла Коруња. 
Макфакс
Шпанските фудбалски клубови, на Владата за неплатен данок и должат 670 милиони евра, соопшти в

Пронајдете не на следниве мрежи: