Што знаеме досега за „соборениот“ авион на претседателот на Иран

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси мораше да изврши „тешко слетување“ откако наиде на тешкотии, објавија државните медиуми.Деталите за тоа што се случи остануваат нејасни, но еве поглед на она што го знаеме досега:Според локалните медиуми, пренесува Телеграфи, Раиси се упатил кон градот Табриз, во северозападниот дел на Иран, по враќањето од границата со Азербејџан, каде што ги отворил браните Киз Каласи и Ходаафари.Освен тоа, според пишувањата на медиумите, пренесува Телеграф, хеликоптерот бил еден од тројцата кои патувале во конвој.Иранскиот министер за внатрешни работи вели дека спасувачките тимови се уште се обидуваат да стигнат до местото на „несреќата“, но нивните напори се попречени поради лошите временски услови.Во меѓувреме, новинар од новинската агенција Фарс вели дека видливоста во планинската и шумска област била само околу пет метри. Областа е на околу 50 километри северно од Табриз.Додека Ахмад Алирезабеиги, ирански пратеник за градот Табриз, вели дека спасувачките екипи се уште не го лоцирале хеликоптерот со претседателот.Според него, два други хеликоптери во конвојот слетале безбедно. 

Пронајдете не на следниве мрежи: