Јаболка полнети со ореви

10 посни јадења подготвени без масло

4 јаболка
100 г ореви
100 г суво грозје
4 лажици мед
Подготовката е едноставна, јаболката не е потребно да ги лупите туку само да го отстраните средниот дел, притоа внимавајќи да не го остраните долниот дел од јаболката.
Исечкајте ги оревите и додадете го сувото грозје. Со оваа смеса наполнете ги издлабените јаболка и варете ги на пареа околу 15 минути. Додадете го медот пред самото сервирање, и уживајте во овој посен десерт.