Ангелов: Не успеавме да го ставиме под контрола пожарот на Серта

Директорот на Центарот за управување со кризи – Стојанче Ангелов попладнево соопшти дека и покрај сите вложени напори од противпожарните служби, воздухопловите и припадниците на Армијата и полицијата, пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта засега не може да се стави под контрола.

– Теренот е исклучително тежок, има многу трња, грмушки, многу густ терен испресечен со долови. Високата температура и ветерот којштого менува правецот дополнително го отежнува гаснењето. Рано наутро гасневме со еден полициски хеликоптер, потоа со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна и со два ер трактори на ДЗС. Но и покрај тоа, за жал огнот повторно гори. Војската е активна на терен. 103 војници активно учествуваат во гаснењето на пожарот, како и 30 припадници на МВР коишто даваат голем придонес и им помагаат на локалните и територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци – рече Ангелов.

Тој нагласи дека контролата врз овој пожар нема да биде ставена денес и гаснењето ќе продолжи денеска додека има видливост, а рано наутро гаснењето ќе продолжи.

 
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.