Аташето на американската амбасада во Украина пронајден мртов во хотел во Киев

Безживотното тело на аташето на американската амбасада во Украина е пронајдено во хотелот „Хилтон“ во Киев, објави украинскиот портал „Strana.ua“, повикувајќи се на извори од правосудните органи.„Вчера околу 11 часот во хотелската соба беше пронајдено телото на аташето на Амбасадата на САД. На телото не се пронајдени траги на насилство“ – изјавил изворот.Името на аташето не е објавено.Киевскиот портал наведува дека дипломатот пристигнал во Украина на 15 јуни.Според медицинските досиеја објавени од Амбасадата на САД, мажот имал високо ниво на холестерол во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи: