Атешето на американската амбасада пронајден мртов: Неговото тело е пронајдено во хотелот

Телото на аташето на американската амбасада е пронајдено во хотелот Хилтон во Киев , објави украинскиот портал Strana.ua, повикувајќи се на извори од правосудните органи.„Вчера околу 11 часот во хотелската соба беше пронајдено телото на аташето на американската амбасада. На телото не се пронајдени траги на насилство“, изјави изворот.Името на аташето не беше дадено. Киевскиот портал наведува дека дипломатот пристигнал во Украина на 15 јуни.Според медицинските досиеја објавени од Амбасадата на САД, мажот имал високо ниво на холестерол во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи: