Белата куќа за настапот на Бајден во дебатата: Ја разбираме загриженоста

– Белата куќа соопшти дека ја признава загриженоста на Американците во врска со лошиот настап на претседателот Џо Бајден за време на минатонеделната дебата со Доналд Трамп.Бајден привлече критики од сојузниците и членовите на Конгресот за неговиот настап во четвртокот. Претседателот, наводно, ќе се состане со демократските гувернери и претставници в среда.„Ја разбираме загриженоста. Сфативме. Претседателот немаше одлична ноќ во дебатата“, изјави за новинарите портпаролката Карин Жан-Пјер, истакнувајќи дека Бајден имал настинка.Таа изјави дека претседателот знае како да ја врши работата.„Разбираме дека тоа беше лоша ноќ. Не е невообичаено актуелните претседатели да имаат лоша ноќ во нивната прва дебата и ние ќе ја завршиме работата што ја работевме во име на американскиот народ“, додаде таа.Претходно, пратеникот Лојд Догет го повика претседателот да се повлече од претседателската трка по неговиот настап, со што стана првиот демократ од Претставничкиот дом кој побара од Бајден да се повлече.Бајден даде нејасни одговори и се чинеше дека го загуби својот тек на мисли во повеќе наврати против поранешниот претседател, поттикнувајќи ја загриженоста дека тој можеби нема да може да отслужи уште еден четиригодишен мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи: