Белград со оптимизам ја испрати делегацијата на преговори во Брисел

Државната делегација на Србија испратена е во петок во Брисел на преговорите со Косово со многу повеќе оптимизам, а изјавите на државните функционери укажуваат дека десетиот преговарачки круг кој ќе трае во текот на петокот, би можел да биде завршен со договор за трајно решение за функционирање на идната заедница на српските општина во поранешната српска покраина Косово и Метохија каде што албанските власти во 2008 година прогласија независност, договор од кој зависи европската иднина на Белград и Приштина.Дека постојат големи шанси за пресврт и постигнување договор убедени се и шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ и претседателот на парламентот Небојша Стефановиќ.„Има шанси да се случи пресврт и, под покровителство на Европската унија, конечно да се постигне договор кој би го задоволил и Белград и Приштина. Во последните 48 часа се создадени за да се постигне договор. Очигледно почна да надвладува рационалниот пристап, кој, верувам, произлегува од досегашниот настапа на нашата делегација“, изјави Мркиќ за дневниот весник Вечерње новости.Неговиот став дека „европските посредници очигледно почнале да увидуваат дека Србија не бара нешто што би им наштетило на Албанците на Косово, ниту на властите во Приштина. На повидок е солиден и чесен аранжман“, истакнува шефот на српската дипломатија.Претседателот на Скупштината (парламентот) на Србија, Небојша Стефановиќ, оцени дека државната делегација е подготвена за договор, наведувајќи дека на Белград му е понуден подобрен предлог.„Доколку кој и да е мисли дека е можно да се откаже од тие преговори, ние всушност со тоа би се откажале од решавањето на прашањето на опстанокот и безбедноста на Србите на Косово. Решавањето не е потребно само поради Европската унија, туку поради луѓето во нашата земја и нивната иднина“, нагласува Стефановиќ, оценувајќи го како најважно тоа „дијалогот да не западне во криза поради опструкциите од приштинска страна“.Состанокот на делегациите на Белград и Приштина ќе следува по разговорите водени претходно во петокот претпладне меѓу генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен и српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ кој воедно е и член на српската делегација на преговорите. Белград од НАТО очекува гаранција дека војската на Косово нема да има пристап во северно Косово, каде што 98 отсто од населението е српско. За белградските медиуми од канцеларијата на генералниот секретар на НАТО им биеше изјавено дека состанокот „нема официјален карактер“, а од страна на српската делегација се уште нема изјави за состанокот меѓу Расмусен и Вучиќ.Според извори блиски на преговорите во Брисел, новиот круг од преговорите ќе биде концентриран особено на две од вкупно 15-те точки од документот на договорот кои ги предложи високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон. Така српската делегација очекува дека базирајќи се на гаранциите добиени во Брисел „точката 14 (којашто се однесува на присутноста и членството на Косово во меѓународните организации) ќе биде изменета на начин прифатлив за Белград“.Деветтиот круг од преговорите меѓу Белград и Приштина беше одржан во средата, кога Ештон ја прекина својата балканска турнеја на којашто ја посети и Македонија и се врати во Брисел, но по 15 часа разговорите не завршија со договор, а двете страни потоа меѓусебно се обвинија за неуспех на преговорите.Портпаролката на Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич, изјави дека шефицата на европската дипломатија мора во понеделник на Советот на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ да подготви извештај за српско-косовскиот дијалог, како и дека сакала и двете делегации уште еднаш да ги погледаат предлозите и да видат дали е можно да се постигне договор, што и доведе до денешниот десетти круг од преговорите, според повеќето решавачки во оваа фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
MакфаксДржавната делегација на Србија испратена е во петок во Брисел на преговорите со Косово со многу повеќе оптимизам, а из

Пронајдете не на следниве мрежи: