Вашингтон Пост: Заборавете на Кипар, на ред е Словенија

Според сите индикации кризата во Кипар е готова приказна, а новата земја која почнува да загрижува е Словенија, пишува во текст во Вашингтон пост.„Словенија имала прилично лоша недела со обврзниците, а се чини дека ќе треба и спасување. Тоа не е криза голема колку кипарската, но секако спаѓа во ’опасната зона’“, нагласува Вашингтон Пост, кој се прашува како и зошто Словенија се најде во таква ситуација.Весникот потсетува дека Словенија во 2004 година влегла во Европската унија(ЕУ) и за многу кратко време го заменила толарот со еврото.Станува збор за мала економија која се потпира врз извозот, а на почетокот на 21 век имала раст поголем од еврозоната, но со растечки долг. ЗА разлика од другите земји кои имале проблем со кредитите на недвижнини, Словенија имала проблеми со корпорациите кои финансирале некои операции преку долг, а не преку капитал. Така во 2007 година се откри дека долгот на приватниот сектор пораснал за 23,5 отсто, додека нефинансискиот приватен сектор го зголемил долгот за 40 отсто. Многу од тие кредити се покажаа лоши, пишува весникот.Вашингтон пост потсетува и на извештајот на ММФ од минатата недела, според кој трите најголеми словенечки банки, инаку во сопственост на државата, нема да преживеат без нови докапитализации. Станува збор за најмалку милијарда евра, додека во банкарскиот сектор зјае „дупка“ наводно од најмалку седум милијарди евра лоши кредити. ММФ исто така нагласи дека соодносот на лоши кредити со 15,6 отсто во 2011 година порасна на 20,5 отсто во 2012 година.Понатаму се нагласува дека се случила и смена на власта, а новата премиерка нагласила дека повеќе време сака да посвети на економијата, отколку на намалувањето на јавниот долг, што би можело да се одрази на кредитните рејтинзи.ММФ смета дека на Словенија и се потребни 3,8 милијарди долари преку обврзници, од кои дури третина би требало да оди на банките. Ако останат ваквите бројки за постигање на оптималната цена за обврзница, ќе биде многу тешко. Тоа во крајна линија ќе значи дека земјата ќе мора да побара помош од ММФ, Европската централна банка или Европската комисија, со други зборови, на Словенија ќе и треба спасување.Марко Крањец, кој е член на словенечката и Европската централна банка, смета дека спасувањето на Словенија на крајот нема да биде потребно и дека ситуацијата во Словенија е помалку сложена од онаа на Кипар.
МакфаксСпоред сите индикации кризата во Кипар е готова приказна, а новата земја која почнува да загрижува е Словенија, пишува

Пронајдете не на следниве мрежи: