Арсовски: ЕУ нема да пропадне без Македонија, обратно е

Целосно се во право оние кои се разочарани од ЕУ, ЕУ ја разочара Македонија, но треба да сфатиме дека Македонија ќе пропадне без ЕУ, не обратно, вели во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс политичкиот аналитичар Петар Арсовски..

– Европската унија и пропадната е десет пати подобра од оваа Македонија. Сите кои плукаат кон ЕУ и сметаат дека ЕУ е неодговорна кон нас, океј, го прифаќам тоа, зошто ние не почнеме да се однесуваме европски и одговорно кон себе и сопствената држава?
Во Холандија го чуваат хартивчето по еден километар во кола за да го фрлат, тука фрлаат на улица. Холандија ли ти е подрага од Македонија? – вели Арсовски.

Ако не се изгласата уставните измени и не одиме кон ЕУ, нема проблем, само дајте план каде ќе одиме, вели Арсовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.