Сиљановска не знае колку чинело патувањето во Берлин: „Патуваа тие кои се важни за оваа работа“

Претседателката Сиљановска Давкова не знае колку чини патувањето во Берлин, но вели дека секогаш инсистира на најниската можна цена.

– Прво не знам да ви кажам колку чинело патувањето, искрено тоа го кажувам, треба да прашате но секогаш инсистирам на најнислата можна варијанта. Не сум љубителка на патување со авиони, јас морав денеска да бидам овде, а како што знаете сега треба повторно да одам во Швајцарија, речиси со истата цел и ќе одам со обичен лет.

Од кабинетот патуваа тие коишто се токму важни за оваа работа, во градењето на ставовите наши, во градењето на она што таму го изразив. Со мене беше надворешниот советник, еден човек од обезбедувањето беше и се разбира беше заменик-генералниот секретар. Тоа се луѓето што беа со мене, беше и од вработените човек кој е експерт во таа област, рече Сиљановска во одговор на новинарско прашање на Инфомакс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.