Во Мексико убиен уште еден новинар

Во Мексико е убиен новинарот Виктор Кулебро Моралес (39), кој беше главен уредник на порталот за вести Realidades со повеќе од 20.000 претплатници на Фејсбук.Телото на Моралес е пронајдено на пат меѓу градовите Ариага и Хикипилас, на југот на земјата, соопшти Обвинителството.Покрената е истрага за убиство.На телото на новинарот имало траги од куршуми и удари, јавуваат локалните медиуми.Моралес е син на политичар од државата Чиапас.Од 1994 година, повеќе од 150 новинари се убиени во Мексико, земја зафатена од бран насилство поврзано со организиран криминал.

Пронајдете не на следниве мрежи: