Во светот пријавени проблеми во ИТ мрежите: пад на медиумите, аеродромите и системите на банките

Во многу делови од светот се забележани проблеми на ИТ мрежите, што предизвика потешкотии во работата на медиумите, банките и железницата.Според британските медиуми, проблемите ги пријавиле железничките компании во Велика Британија.„Нашите ИТ тимови активно истражуваат за да ја утврдат причината за проблемот. Не можеме да пристапиме до табелите на возачите на одредени локации, што доведува до потенцијални откажувања за кратко време. Другите клучни системи се исто така погодени“, велат железничките компании.Покрај железницата, проблем во Велика Британија го доживеаја и медиумите како Скај њуз, кои најавија дека не можат да ја емитуваат програмата во утринските часови.„Не можевме да емитуваме во живо наутро. Им се извинуваме на гледачите за прекинот. Голем дел од нашите вести и известувања сè уште се достапни на интернет. Работиме напорно за да ги вратиме сите услуги“, рече директорот на Sky News, Дејвид Роудс.Проблеми во работата на бројни компании беа пријавени и во Австралија, каде авиокомпаниите беа принудени да приземјуваат авиони.„Берзанската платформа исто така доживува прекини“, наведува Би-Би-Си.Освен во Австралија и Велика Британија, проблеми со работа имало и во Германија и Шпанија.Берлинскиот аеродром на социјалните мрежи објави дека ќе има доцнење на летовите поради технички грешки. Инциденти од техничка природа беа пријавени и на аеродромите низ Шпанија.„Работиме на решавање на проблемите што е можно поскоро. Во меѓувреме, аеродромските операции продолжуваат со рачни системи“, велат тие.По повод широко распространетите ИТ проблеми, Мајкрософт објави и дека има проблеми во работењето на неколку сервиси кои се базираат на т.н. „Облак“ поради што се пријавени бројни технички потешкотии.„Продолжуваме да ги решаваме проблемите со нашите „365 апликации“ кои се во „лоша состојба““, рече Microsoft.

Пронајдете не на следниве мрежи: