„Во соба сум, седам и плачам…“ Драгана Мирковиќ си ја разголи душата во новата објава, а потоа самата ја избриша! Еве што напиша

Сите се прашуваат која е причинатаМузичката ѕвезда Драгана Мирковиќ е во процес на развод од бизнисменот Тони Бијелиќ.Пејачката не криеше дека минува низ тежок период, но излезе уште посилна.Оттогаш Драгана е поактивна на социјалните мрежи и често споделува моменти од својот живот со бројните следбеници.Така на Фејсбук објави статус во кој ја разголи душата, а потоа направи чуден потег.-Имав тежок период во мојот живот и тоа беше скоро. Знам дека имам концерт, во соба сум, седам и плачам, ги бришам солзите, излегувам на сцена и правам концерт. Сè завршувам со насмевка. Доаѓам и се враќам во собата – повторно истата приказна. Но запомнете, кога ви е најтешко, тогаш бидете храбри и борете се. Разбудете го вашиот инает и верувајте дека ќе победите – напиша Драгана на својот Фејсбук профил.Сепак, таа набрзо ја избриша оваа објава, а причина за тоа е непозната.Драгана Мирковиќ по разделбата од сопругот неодамна призна дека ја има целосната поддршка од нејзините деца кои постојано се со неа.– Секогаш со нешто ме радуваат. Децата се прекрасни, иако веќе не се деца, но тоа е она што секогаш го велам (се смее). Тие се возрасни, многу добри и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа покрај мене и што ме сакаат толку многу. Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е мојот најголем успех што можам да го постигнам – истакна Драгана и откри дали е вистина дека нејзиниот син станал естраден менаџер и дека и помага во кариерата.– Напишано е, но не е точно. Нема потреба да се занимава со тоа иако студира на факултет кој има врска со менаџмент, но многу ми помага. Запишува некои работи за да не ги заборавам – изјавила Драгана за Пинк.

Пронајдете не на следниве мрежи: