ДАЛИ Е МОЖНО? МАЖИ СО ПОВЕЌЕ ТЕСТОСТЕРОН имаат поголеми шанси да се заразат од КОВИД19?

Ќелавите мажи може да бидат изложени на поголем ризик да имаат потешки симптоми од Ковид-19, покажуваат новите докази.
Врската е толку силна што некои истражувачи сугерираат дека ќелавоста треба да се смета за ризичен фактор, наречен „знак на Харбин“, откако првиот американски лекар што починал од Ковид-19 во САД, д-р Френк Габрин, бил ќелав.
Главниот автор на клучната студија на здружението, професорот Карлос Вамбиер од универзитетот Браун, за „Telegraph.co.uk“ изјави: „Навистина сметаме дека ќелавоста е совршен предиктор за сериозност“.
Податоците од почетокот на појавата во Вухан, Кина, во јануари покажаа дека поверојатно е мажите да умрат откако ќе го добијат коронавирусот. Во Велика Британија, извештајот од оваа недела, открива дека мажите кои се во работоспособна возраст било двојно поверојатно дека ќе умрат, отколку жените, по дијагностицирањето на Ковид-19.


До неодамна, научниците беа во заблуда поради тоа која е причината за тоа, укажувајќи на факторите како што се начинот на живот, пушењето и разликите во имунолошкиот систем помеѓу половите. Но, сѐ повеќе се верува дека тоа може да биде затоа што андрогените – машките полови хормони како тестостерон – може да играат улога не само во опаѓањето на косата, туку и во зајакнувањето на можноста коронавирусот да ги напаѓа клетките.
Ова ја зголемува можноста дека третманите кои ги потиснуваат овие хормони, како што се оние кои се користат за ќелавоста, како и болестите како рак на простата, би можеле да се користат за забавување на вирусот, давајќи им време на пациентите да го спречат тоа.
„Сметаме дека андрогените или машките хормони се дефинитивно портата од која вирусот може да влезе во нашите клетки“ – вели професорот Вамбиер.
Испитувањата следат по двете мали студии во Шпанија, предводени од професорот Вамбиер, во кои се утврдува дека непропорционално голем број мажи со машки модел на ќелавост се примени во болница со Ковид-19.
Во една студија, 79% од мажите кои се заболени со вирусот во три болници во Мадрид биле ќелави. Студијата на 122 пациенти, објавена во „Journal of the American Academy of Dermatology“, ја следеше работата помеѓу 41 пациент во шпанските болници, која открива дека 71% биле ќелави. Позадинската стапка на ќелавост кај белите мажи на слична возраст од испитаните пациенти е помеѓу 31 – 53%. Слична корелација беше пронајдена во студијата кај помалиот број жени со опаѓање на косата поврзани со андрогени.
Други научници велат дека се уште треба да се работи на истражување, но истите биле возбудени од потенцијалната врска.
„Сите бараат врска помеѓу андрогените и исходот од Ковид-19“ – вели Хаурд Соул, извршниот потпретседател на Фондацијата за рак на простата, за магазинот „Science“.
Специјалистите за карцином на простата се запознаени со улогата што андрогените може да ја играат во болестите, затоа што кај простата, хормоните го стимулираат ензимот кој го поттикнува растот на карциномот. Во април, истражувачите објавија труд во списанието „Cell“, кој покажа дека ензимот TMPRSS2 е исто така вклучен во коронавирусните инфенции.
За да заразат клетка, коронавирусите – вклучувајќи го и оној кој го предизвикува Ковид-19 – го користат она што се нарекува „шилест“ протеин што се врзува за мембраната на клетката, процес кој се активира од страна на ензимот. Во овој случај, изгледа дека TMPRSS2 може да биде биде тој ензим.
Научниците сѐ уште не знаат дали ензимот реагира на ист начин на адрогените во белите дробови како што е во простата, но изгледа дека други докази ја поддржуваат потенцијалната врска.
Студијата од Венето, Италија, направена на 9.280 пациенти открива дека мажите со карцином на простата кои биле на андрогин терапија – лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон – биле само една четвртина поверојатно дека ќе заболат од Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.