Данскиот остров на Балтикот остана без струја: Се работи ли за саботажа?

Прекинат е кабелот што го поврзува овој остров со шведското копно.

Островот е во близина на СЕВЕРЕН ТЕК 1. Во оваа зона заќестено започнаа да се случуваат незгоди…

Данскиот остров на Балтикот остана без струја: Се работи ли за саботажа?

Нешто пред осум часот утринава данскиот остров Борнхолм во близина на шведското крајбрежје во Балтичкото Море остана без струја, а додека властите велат дека причината за прекинот на струјата е непозната, неофицијални информации велат дека подморницата го оштетила кабелот.

Струјата снемала во 7 часот и 50 минути, а во 8 часот и 35 минути операторот за електрична енергија на островот БЕОФ објавил дека се скршил кабелот што го поврзува островот со шведското копно, објави данскиот весник „Екстра Бладет“.

Засега не знаеме дали кабелот е скршен на копно или под вода – изјави Оле Вест од БЕОФ за данската телевизија ДР.

Островот Борнхолм неодамна беше во центарот на вниманието кога гасоводот Северен тек 1 и 2 претрпеа оштетувања поради саботажа, пишува Билд.

Дали сегашниот прекин на кабелот е резултат на напад сè уште не е познато, додава тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: