Двојни стандарди на Москва за Кирил и Методиј: За руската амбасада во Софија тие се бугарски просветители, за амбасадата во Скопје

Во текстот што руската амбасада во Република Бугарија го објавила на социјалната мрежа Фејсбук пишува дека во Русија внимателно се чува споменот на светите браќа Кирил и Методиј, творците на словенската литература. Во продолжение на објавата се вели дека споделуваат избор на фотографии од споменици, како што се наведува, на бугарските просветители, поставени во различни делови од Русија, со цел, како што се додава, да го честитаат празникот

Руската амбасада во Софија и руската амбасада во Скопје на нивните профили на социјалните мрежи објавија честитки по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј.

Иако текстовите се со речиси слична содржина, сепак, се разликуваат во тоа како Русија оценува кому му припаѓаат светите Кирил и Методиј.

Споменикот на Свети Кирил и Методиј во центарот на Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во честитката наменета за Република Бугарија, руската амбасада ги нарекува светите браќа Кирил и Методиј бугарски просветители, а во честитката на руската амбасада во Северна Македонија не се користи терминот македонски просветители.

Во текстот што руската амбасада во Република Бугарија го објавила на социјалната мрежа Фејсбук пишува дека во Русија внимателно се чува споменот на светите браќа Кирил и Методиј, творците на словенската литература. Во продолжение на објавата се вели дека споделуваат избор на фотографии од споменици, како што се наведува, на бугарските просветители, поставени во различни делови од Русија, со цел, како што се додава, да го честитаат празникот.

Споменици на светите браќа Кирил и Методиј во Русија има во Москва, Велики Новгород (фрагмент на Милениум на Русија), Владивосток, Коло, Мурманск, Шест Самара, Седум Твер и Ханти-Мансијск.

Во објавата на руската амбасада во земјава, пак, не се користи придавката македонски за светите браќа Кирил и Методиј.

На фејсбук-профилот на руската амнасадат во земјава пишува дека на македонските браќа срдечно им го честитаат, како што се вели, нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј, сесловенските просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост, кои му дадоа на словенскиот свет азбука и ги поставија темелите на словенската литература.

„Дали Словените имаат азбука? Учењето без азбука и без книги е како да пишувате разговор на вода (Св. Кирил). На слика е споменикот на Свети Кирил и Методиј во центарот на Москва“,

се вели во објавата.

Со повеќе настани, вчера во земјава се одбележа 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј – основоположниците на словенската писменост.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводеше државно-црковната делегација во Рим по повод одбележување на 24 Мај, вчера се поклони пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“.

Не е првпат Русија да има двојни стандарди кога им обраќа на македонските и на бугарските граѓани за исти настани или личности.

Пронајдете не на следниве мрежи: