Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера

Јован Деспотовски си поднесе оставка од директорката позиција на ТИРЗ. Апанажа нема да користи, зато што смета дека носители на јавни, одговорни функции не треба да останат на товар на граѓаните. Ќе се посвети на политичката кариера во партијата, за да ја направи СДСМ силна опозициска партија.

Но, засега, додека не го види крајот на изборниот процес, никаква функција нема да прифати. Новиот претседател на СДСМ Филипче вели декa го почитува, но не се согласува со постапката на Комисијата, која не ги почитувала Актите. Негира дека ќе има фракција во СДСМ, туку најавува продолжување на политичката активност

„Поделби прават тие што им ги бркаат луѓето од партијата. Јас не ги избркав луѓето од партијата на 30 јуни. Зборувам во името на тие луѓе“, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ. Тоа не е прашање зошто треба да му удоволиме на Јован Деспотовски, тоа е прашање за кое немаме луксуз како политичка партија да си дозволи да врати 11 илјади луѓе од процесот на гласање. Луѓето се вознемирени, се јавуваат, тие се таму по 20-30 години. Не може да зборуваме дека работите се во ред кога не се“,

Деспотовски, е задоволен од постигнатите резултати изминативе 3,5 години, од кога почна да раководи на индустриските зони. За 40% е згоелен бројот на вработени, а просечената плата надмина 43 илјади денари.

„Од 2020 до 2023 државата има собрано над 200 милиони евра приходи, од придонеси, персоналец и добивка од компаниите кои работат во зоните. Тоа значи на еден исплатен денар, 4 сме прибрале”, додава Деспотовски

За време на неговиот мандат потпишани се 31 договори, од кои половината се нови инвестиции. Во следните 2,3 месеци најавува старт со работа на 3 нови компании.

Инаку мандатот на Деспотовски истекуваше за 6 месеци, во декември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.