Досега 364 цивили се убиени, потврдуваат ОН

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека од почетокот на руската инвазија биле убиени 364 цивили.

Фото: ПУЛС24

ОН потврдија и дека 25 деца се убиени, а 759 други се повредени.

Вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“, беше додадено.

„Повеќето регистрирани цивилни жртви се предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќе лансирање, како и ракетни и воздушни напади“, велат од канцеларијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: