Експерти/ Извештајот на ек е силна порака до власта и опозицијата

Извештајот на ЕК е силна порака до власта и опозицијата – се додека ја сфаќаат политиката како натпревар, државата нема да може да се избори против корупцијата и влијанието во судството.Ова го порачуваат експертите, откако Брисел, ги детектираше старите проблеми во македонското правосудство, вперувајки го прстот кон одлуките на сите политички чинители во државата.Бројките се загрижувачки, велат аналитичарите, покажуваат третина судии и јавни обвинители, кои пријавиле влијание од политичари и бизнисмени, а скоро на половина од судиите им влијаеле пак колеги и надредени.– Корупцијата е силен механизам, примамлив. И позади неа стојат навистина моќни мрежи. Не постои можност за успех, доколку не се најдат сили и во власта и во опозицијата да работат заедно, за да креираат закони, да креираат политики, за да доделуваат ресурси на институциите и да ја обезбедат нивната независност, за да може ова општество да се избори во борбата против корупцијата. – вели Миша Поповиќ Институт за демократија Социетас Цивилис.Според аналитичарите, сериозно треба да се сфати критиката на Брисел за слабоста на системот за контрола на лобирањето, при носењето на одлуки и закони. Велат дека на тој начин постои можност да се озакони корупцијата во земјата. За измените на Кривичниот закони, порачуваат, дека ударот кој што се случи минатиот септември, беше комплетно застранување од патот кон ЕУ.– Последните измени на Кривичниот Законик, беа истакнати како негативна ситуација, бидејки тие влијаат на случаите на корупција , особено на случаите на корупција од висок профил и видовме дека голем дел од тие случаи, или застареа или постапките се одолговлекуваат до степен до кој што почна тој период на стареност. Тоа е индикатор и за сегашната влада, но и за сите релевантни чинители. – вели Беба Жагар Институт за европска политика ЕПИ.Распуштањето на Судскиот Совет и Советот за јавни обвинители, според експертите, ќе ја врати земјата назад од реформската агенда. Советуваат, пред да се одлучи за таква радикална мерка ,Собранието да побара одговорност и да даде легитимен политички притисок за подобрување на работата.– Доколку унилатерално се распушти Судскиот Совет, тоа значи дека се испраќа една порака , дека со промена на власта може да се распуштаат различни контролни тела во системите на власта. Сметам дека постојат инструменти во овој момент, кои што се на располагање на Собранието. – вели Поповиќ.Во овој извештај на ЕК за владење на правото во ЕУ, за прв пат е вклучена и Македонија. За разлика од Годишниот извештај, тука нема препораки, но доколку земјата не се држи до реформската агенда, се очекува следната година Брисел да посочи конкретни мерки и препораки до државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: