Западно оружје против цели во Русија?

Православниот Велигден се прославуваше во неделата – но немаше знаци на прекин во настојувањето на Русија за нови инвазии на Украина.Руската војска уште еднаш ја нападна Украина со дронови, проектили и друго оружје. На истокот од земјата, руската армија продолжува со насилните фронтални напади, додека украинските војници треба да ги чекаат најавените пратки со оружје. Ситуацијата е толку напната што се погласно се поставува едно прашање: дали и на Украина и е дозволено да користи западно оружје за напади врз цели во Русија? Некои членки на НАТО стануваат сè попрагматични во овој поглед.Контранапади „покриени со меѓународното право“Неодамна Дејвид Камерон, британскиот министер за надворешни работи го посети Киев. Неговата влада штотуку и вети на Украина дека ќе ја поддржува земјата со три милијарди фунти помош секоја година – онолку колку што е потребно.„Да бидеме многу јасни: Русија ја нападна Украина и Украина има апсолутно право да возврати“, рече Камерон. „Со оглед на тоа што Русија напаѓа цели во Украина, разбирливо е зошто Украина гледа потреба да се брани – односно да ги извлече Русите од земјата и да има способност да возврати“.Камерон сака да ги остави Украинците сами да одлучат како да го користат британското оружје. Шефот на дипломатијата на Летонија Баиба Браже пред малку го потврди целосното право на Украинците да напаѓаат руска територија. Во интервју за украинскиот онлајн весник „Европа Правда“ таа рече: „На Украина не и треба само воздушна одбрана или муниција. Украина мора да биде способна да изведува удари со долг дострел и прецизност дури и на руска територија, од која Русија напаѓа. Украина е покриена со меѓународното право, на Украина и треба оружје со долг дострел.Нападите одамна се реалностДосега, толку јасни зборови од водечките западни политичари на оваа тема ретко можеа да се слушнат – барем во јавноста. Од друга страна, руската влада постојано најавуваше дека нападите со западно оружје на руска територија би можеле да ја ескалираат ситуацијата. Кремљ го обвини Дејвид Камерон дека со своите зборови ја загрозува европската безбедност.Нападите на Украина врз Русија одамна се реалност. Аеродромите, воените кампови и рафинериите за нафта се бомбардирани со беспилотни летала. Рафинериите, особено, се често погодени во последно време. Воените експерти веруваат дека ако Украина продолжи со нападите со беспилотни летала, Русија би можела да доживее недостиг на бензин уште ова лето. Цените на горивата исто така може да се зголемат ширум светот.Нападите врз рафинериите ги загрижуваат САДОва е веројатно една од причините зошто американската влада неодамна изврши притисок врз украинскиот претседател Зеленски да престане да ги напаѓа рафинериите во Русија. Можеби едноставно затоа што високите цени на бензинот се отров за американскиот претседател за време на изборната кампања. Но, Зеленски не гледа друга алтернатива за слабеење на Русија. Минатата среда повторно се запали уште една руска нафтена рафинерија.Зеленски сега има поддршка од генералниот секретар на НАТО. Нафтените рафинерии на руска територија се „легитимни цели“ за напади од украински беспилотни летала, изјави Јенс Столтенберг на почетокот на април.Реакција на ситуацијата на фронтотЗападните политичари и воени функционери долго време тајно ги благословуваат нападите на руска територија. Сега се повеќе од нив јавно го објавуваат овој став. Некои од нив веќе воопшто не гледаат проблем кога за овие напади се користи западно оружје.Украинскиот воен експерт Олех Жданов смета дека ова е поврзано со тешката ситуација на бојното поле. Постои ризик од нова инвазија на руската армија во областа Суми или Харков, вели Жданов. „Ние сигурно ќе бидеме принудени да се бориме на нашата државна граница“, вели тој, што значи дека непријателот ќе биде под оган и на руска територија.Премолчен договор за работен опсег„Порано или подоцна, мораше да се случи западните земји да се откажат од барањето нивното оружје да не се користи на руска територија“, вели овој воен експерт. Како што вели, и онака немало забрана. Ова исто така важи и за американските ракети со долг дострел ATACMS што САД и ги доставија на Украина пролетта. Имаат растојание до 300 километри.Украина веќе ги искористи за напад на некои руски цели, но очигледно само во областите окупирани од Русија. На тој начин, како што вели Жданов, го исполнила американското барање: САД ја врзале испораката на ракетите со услов да се користат само на украинска територија. Се вели и дека постои овој премолчен договор кога станува збор за британските ракети „Storm Shadow“: да се користат само на територијата на Украина. Тоа е прашање на вера.Шолц не сака да се потпре на ветувањето на КиевГерманскиот канцелар Олаф Шолц претпочита да не се потпира на украинските ветувања – особено кога станува збор за ракетите Таурус. Овој проектил има дострел до 500 километри. Шолц неодамна изјави: „Овде не може да има расправија како меѓу пријатели: „Не ми веруваш? Секако дека им верувам на моите пријатели, но не би им го дал целото мое оружје!“Сепак, украинскиот воен експерт Жданов смета дека е можно Шолц да го промени своето мислење. „Откако Американците ни ги ветија тенковите Абрамс, Олаф Шолц се согласи да ги предаде тенковите Леопард – иако претходно рече дека такви тенкови никогаш нема да се користат во украинската армија“, вели Жданов, додавајќи: „Затоа мислам дека е можно тоа Олаф Шолц, доколку околностите се развијат на таков начин, ќе се предомисли и ќе ги даде ракетите Таурус.Околностите всушност се менуваат – не на подобро: Русија продолжува да напредува. Во такви случаи и политичарите стануваат прагматични.

Пронајдете не на следниве мрежи: