Започната масовна потрага! Момчето отиде да плива во езерото и оттогаш го нема: „Тоа место е полно со крокодили“

Покрената е масовна потрага по момче (12) кое пливало во езеро кое се наоѓа во ретко населен дел од австралиската област Палумпа, која е дел од Северната Територија.Момчето било пријавено за исчезнато во вторникот околу 17:30 часот по локално време. Тој е забележан како плива во езерото Манго, кое се наоѓа на околу 350 километри југозападно од градот Дарвин, соопшти локалната полиција, а пренесува „Гардијан“.Семејството е многу загриженоНеговото семејство е многу загрижено, се сомневаат дека се работи за напад од крокодил. Полицијата започна акција за пребарување и спасување: – Пребаруваме големи делови од езерото со чамци, ни помагаат и луѓето што живеат тука, а нашите мисли и молитви се со семејството на исчезнатото момче, изјави полицаецот Ерика Гибсон. Инаку, во тој крај живеат многу крокодили, експертите проценуваат дека ги има повеќе од 100.000 на целата Северна територија. Меѓу нив е и агресивен и многу опасен вид на овие предатори, кој може да порасне и до шест метри во должина.

Пронајдете не на следниве мрежи: