Зеленски: Украина собори повеќе од 60 руски проектили

Украинската противвоздушна одбрана собори над 60 од 70-те проектили истрелани од Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во видео порака објавена на Телеграм, Зеленски рече дека руските сили повторно извршиле ракетни напади врз неговата земја.

„Извештај за денот. Главен резултат – лансирани беа 70 руски проектили, повеќето од нив беа соборени. Калибар, Кх-101, итн.“, рече тој.

Истакнувајќи дека е благодарен на нивните партнери за системите за противвоздушна одбрана што Украина во моментов ги користи, Зеленски рече: „Но, за жал, сè уште не можеме да обезбедиме целосна безбедност на нашето небо – имаше неколку напади“.

„За жал, има жртви. Од овој момент, денеска, во руските напади загинаа четири лица“, додаде тој.

Украинскиот претседател, исто така, рече дека прекините на струјата во земјата продолжуваат поради руските напади и истакна дека имало итни прекини на струјата во многу региони, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Пронајдете не на следниве мрежи: