Израел тврди дека нападнал воена структура на Хезболах во јужен Либан

– Израел синоќа објави дека нападнал воена структура на Хезболах во јужен Либан, известува Анадолу.Во новото соопштение објавено денес, израелската војска информираше дека воени авиони нападнале зграда во областа Кфар Кила.Се додава дека две ракети биле лансирани и од Либан кон областа Мирон, во регионот Горна Галилеја, но нема извештаи за евентуални жртви.Прекуграничните тензии меѓу Израел и Хезболах продолжуваат откако изби војната во Газа на 7. октомври минатата година.Конфликтот ескалираше кога Хезболах во четвртокот истрела повеќе од 100 ракети врз израелските воени позиции како одговор на убиството на еден од неговите највисоки команданти.Од Хезболах наведуваат дека ќе ги запрат нападите врз Израел откако ќе заврши војната во Газа.Израелската војска вчера предложи да ја прекине воената офанзива во јужниот дел на Појасот Газа и да ги пренасочи напорите кон офанзива во јужен Либан.

Пронајдете не на следниве мрежи: