Исповед на сопругот на Беквалац

Вестта за претепувањето на Наташа Беквалац оддекна низ медиумите и многумина го осудија нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ.

Но, за Хепи телевизија тој ја изнел својата страна на приказната. Како што тврди, тој не ја нападнал Наташа туку таа го нападнала два пати, а тој само ја „оттурнал од себе“.

-Легнав да спијам. Наташа грубо, хистерично ме разбуди од сон, со желба да настане караница. Пораките кои таа ги нашла, ако ги нашла, немаат никаква конотација која укажува на измама. Таа ја има лозинката на мојот телефон. Некој кој ја дава лозинката нема што да крие – се правдал Лука.

-Наташа ме нападна, јас ја оттргнав од себе, продолжи, ја оттргнав од мене по втор пат- раскажал тој, а на прашањето како изгледа „оттргнувањето од себе“ рекол дека ја „турнал на кревет“.

После караницата тој признал дека продолжил да спие.

-Очигледно дека Наташа чекала да одам од дома за да ја организира оваа медиумска хајка. Наташа е мајка на моето дете, и не можам да верувам дека воопшто е можно на еден ваков начин да направи спектакл! Јас Наташа ја сакав, ја обожавав-рекол тој, а на прашањето кога престанал да ја сака вели дека кога се случило тоа и кога сфатил дека е способна да за вакво нешто. Јас во бракот влегов од љубов, не ме интересира нејзиното минато, себе цел и се предадов, и повторно истото би го направил- ризнал Лазукиќ.

Полицијата сеуште го истражува случајот. На Лука му определи мерка за забрана за приближување на Наташа, а тие по изготвувањето на кривичната пријава ќе бидат свикани да дадат исказ заедно со нивната дадилка која таа вечер била во нивниот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.