30 члена делегација во Вашингтон! Дури и директорот на МТВ дел од македонската делегација на самитот на НАТО

Северна Македонија најверојатно имала најбројна делегација на самитот на НАТО во Вашингтон. Најмалку 30 члена броела делегацијата составена од министри, директори, помошен персонал, членови на семејство… Каков е ефектот од тоа? 

На сликата подолу Мицковски дава интервју за МТВ во Њујорк, на Стојан Трпчевски, кој е составен дел на делегацијата на над десетдневното патување 

На политичката сцена во Македонија се уште траат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за ефектите од самитот на НАТО во САД.

Од СДСМ посетата на македонската делегација ја оценија како дебакл, додека ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Македонија повеќе немала свиткана кичма во НАТО.

Но на страна од политичките преписки, она што се издвојува како посебно од последниот НАТО самит е фактот што делегацијата била досега најбројна, но над 30 претставници.

Освен премиерот Христијан Мицкоски, неколку министри и вработени во службите во Владата, во делегацијата која беше во САД се нашол и директорот на МТВ, Марјан Цветковски, по што се поставува прашањето со која цел и поради која функција и тој бил дел од владината делегација?

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку недели ја презеде власта во Македонија и самитот на НАТО е првиот важен меѓународен настан за премиерот Мицкоски и владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.