Каде во Европа се највисоки трошоците за храна?

Граѓаните на Европската унија потрошија 956 милијарди евра на храна и безалкохолни пијалоци во 2019 година, што е еквивалентно на 6,8% од бруто домашниот производ на Заедницата.
Прехранбените производи сочинуваат 13% од вкупните трошоци на домаќинствата, според податоците на Евростат.
По трошоците за домаќинството (вода, струја, бензин и сл.) и транспортот, ова е најголемата ставка во семејниот буџет на просечен Европеец.
Најниско учество на оваа ставка има во Ирска (8,6%), Луксембург (8,9%) и Австрија (9,7%).
За последната деценија (2009 – 2019 година) учеството на трошоците за храна останува стабилно во повеќето земји на Европската унија.


Најголемото намалување е забележано во Литванија (од 25,4% на 20,2% или за 5,2 процентни поени), проследено со Малта (со 3,5 процентни поени, на 12,5%) и Полска (со 3 процентни поени, на 16,4%).
Во седум од европските земји има зголемување на оваа ставка како дел од семејниот буџет.Најсилно зголемување има во Чешката Република (за 1,3 процентни поени, на 15,5 проценти), Словачка (со 1,1 процентен поен, на 17,4%), Унгарија (со 0,5 процентни поени, на 17,3%) и Холандија (од 0,4 процентни поени на 11,3%).
Во просек за ЕУ, падот е 0,2 процентни поени за периодот од 2009 до 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.