КАКО ИЗГЛЕДАА РУСКИТЕ НУКЛЕАРНИ ВЕЖБИ: Ракетата Јарс погоди цел оддалечена 5.700 километри

Руската армија изведе вежба на силите за стратешко одвраќање, а како што е објавено на веб-страницата на Кремљ, задачите се целосно остварени. Путин ја надгледуваше вежбата од специјален центар во Москва, пренесува Интерфакс.

КАКО ИЗГЛЕДАА РУСКИТЕ НУКЛЕАРНИ ВЕЖБИ: Ракетата Јарс погоди цел оддалечена 5.700 километри

Руското Министерство за одбрана и сите државни медиуми објавија снимки од воени вежби кои покажуваат лансирање на ракети.

За време на вежбата интерконтиненталната балистичка ракета „Јарс“ беше лансирана од полигонот Пљесецк кај Архангелск до полигонот Кура во Камчатка, а балистичката ракета „Синјева“ беше лансирана од подморница од Баренцовото море.

Ракетата „Јарс“ погоди цел оддалечена 5.700 километри, што е растојание од Архангелск до Камчатка.

Во последните неколку недели, руските официјални лица постојано ја обвинуваа Украина дека планира да користи „валкана бомба“ која содржи радиоактивен материјал, но не го поддржаа своето обвинување со никакви докази.

Новинската агенција РИА ја цитираше изјавата на Путин дека потенцијалот за конфликт во светот и регионот останува висок.

Пентагон еден ден претходно соопшти дека Русија ја информирала за својата намера да ги спроведе вежбите во време кога НАТО ја вежба сопствената употреба на американски нуклеарни бомби со седиште во Европа во своите редовни годишни воени вежби, пренесува Индекс.

Тоа е втора ваква вежба годинава, јави РИА Новости и потсетува дека првата била изведена на 19 февруари, пет дена пред почетокот на нападот врз Украина. Инаку, овој вид на вежбање е еден од редовните и се одржува од педесеттите години на минатиот век.

Рускиот претседател Владимир Путин ги надгледуваше вежбите за нуклеарно одвраќање, јавуваат светските медиуми.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека целта на вежбата е да се „тестираат руските стратешки сили“ и нивната подготвеност да извршат масовен нуклеарен напад во случај на одговор на непријателски атомски напад.

Пронајдете не на следниве мрежи: