Киев тврди дека Москва насилно депортирала илјадници украински деца во Русија?!

Американската амбасада во Киев соопшти дека 2.389 деца од Доњецк и Луганск во спорниот регион Донбас се „незаконски однесени“, повикувајќи се на украинското Министерство за надворешни работи.

Руските сили отстрануваат илјадници украински деца и ги носат во Русија, се тврди.

Американската амбасада во Киев на Твитер напиша дека 2.389 украински деца од Доњецк и Луганск во спорниот регион Донбас биле „незаконски однесени“, повикувајќи се на украинското Министерство за надворешни работи.

„Ова не е помош. Тоа е киднапирање“, се вели во соопштението.

Претходно оваа недела, градскиот совет на Мариупол објави дека руските сили насилно депортирале неколку илјади луѓе од опколениот град минатата недела, по руските извештаи за „бегалци“ кои пристигнувале од стратешкото јужно пристаниште.

„Во текот на изминатата недела, неколку илјади жители на Мариупол беа депортирани на руска територија“, се вели во соопштението на Советот на својот канал Телеграм во саботата навечер.

„Окупаторите незаконски ги однесоа луѓето од областа Ливобережниј и од засолништето во зградата на спортскиот клуб, каде што повеќе од илјада луѓе (главно жени и деца) се криеја од постојаното бомбардирање.

Руските новински агенции јавија дека автобусите превезувале неколку стотици луѓе бегалци од Мариупол до Русија во последните денови.

Линда Томас-Гринфилд, американскиот амбасадор во ОН, изминатиот викенд рече дека наводите за присилна депортација на цивили од Мариупол се „вознемирувачки“ и „несовесни“ доколку се вистинити.

„Само го слушнав тоа. Не можам да потврдам“, изјави таа за Си-Ен-Ен. „Но, можам да кажам дека е вознемирувачко. Несовесно е Русија да ги принудува украинските граѓани во Русија и да ги става во она што во основа ќе биде концентрационен и затворенички логори“.

„Русија не треба да ги преместува украинските граѓани против нивна волја во Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: