При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.
Како што е објавено на фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина отпадот бил лоциран минатата недела.
- Василевска: Ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува
- Освежителен шприцер од праска и лубеница
- ЧОЛА ЗЕДЕ 45.000 € ЗА 45 МИНУТИ ПЕЕЊЕ НА СВАДБА! Имал посебни услови, еве што НЕ смееле да прават младенците и гостите (ФОТО)
- НАСКОРО ДО ГЕРМАНИЈА ЗА СЕДУМ МИНУТИ: Се гради најдолгиот подводен тунел во светот – ги поврзува Скандинавија и Централна Европа
- Почина актер од „Пиратите од Карибите“: Ајкула го нападнала додека сурфал, лекарите можеле да констатираат само смрт
- Неверојатна ТРАНСФОРМАЦИЈА го врати МАЖОТ во ЖИВОТ: „Бев ЌЕЛАВ 10 години, изгубив ЖЕНИ И РАБОТА, а потоа ЈА НАДГРАДИВ КОСАТА и се се смени“
- СЛОН ГО ИЗГАЗИЛ ДО СМРТ СВОЈОТ ТРЕНЕР: Мажот го удрил со стап по нозете, а потоа животното тешко 900 килограми се налутило (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)
- Николоски најавува: Ќе ги завршиме двете фази од пругата Куманово-Деве Баир
- Поранешниот шеф на ЕИБ е под истрага за корупција
– Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад, информираат од Инспекторатот.
Оттаму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и при тоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.
Пронајдете не на следниве мрежи: