Лавата носи cè пред себе! Вулканот беснее, локалното население во опасност: Во сила нивото на тревога

Две ерупции на вулканот Левотоби Лаки-Лаки во источна Индонезија се регистрирани денеска, а секоја траела по десет минути, објавија властите и забранија пристап до вулканот.Вулканот, кој се наоѓа на туристичкиот остров Флорес, прво исфрли чад околу 11 часот по локално време (5 часот по средноевропско време), а потоа повторно околу 14:40 часот исфрлајќи густ облак од црн чад, објави индонезиската вулканолошка агенција.„На жителите и посетителите им е забрането да се приближуваат на најмалку три километри од центарот на ерупцијата“, објави агенцијата.Тој вулкан веќе имаше неколку ерупции во јануари, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко и евакуираа околу 2.000 жители.Тековното ниво на тревога е малку под максимумот.Индонезија е голем архипелаг лоциран на огнениот крај на Пацификот, со интензивна вулканска и сеизмичка активност.Во декември минатата година, најмалку 24 планинари, главно студенти, загинаа во ерупцијата на планината Марапи, еден од најактивните вулкани во земјата во западна Суматра. Во мај, повеќе од 60 луѓе загинаа кога обилните дождови носеа вулкански остатоци кон населените области, уништувајќи домови.

Пронајдете не на следниве мрежи: