Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа

Баба Ванѓа е позната јасновитка која покрај луѓето што имале мака ја посетувале и многу јавни личности сакајќи да дознаат повеќе за својата иднина.

Една од тие јавни личности која неодамна призна дека ја посетила баба Ванѓа е и Лепа Брена.
Уште пред да го запознае Бобо таа ја посетила познатата јасновитка и Брена ексклузивно открива што и кажала таа.

“Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец”. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татко беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво што ми падна на памет. Бело одело, бела униформа”, рaскажала Брена.

,,Не бев многу одушевена, бидејќи неможев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искрејност”, вели Лепа Брена.

Тогаш се потсетила и на зборовите на баба Ванѓа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.