Му правела „црна магија“ на претседателот – уапсена е министерката за животна средина на Малдиви

На Малдивите беше уапсена министерката за животна средина – Фатимат Шамназ Али Салим, а локалните медиуми објавија дека е приведена под обвинение дека практикувала „црна магија“ врз претседателот на земјата.Али Салим беше уапсена во неделата во главниот град Мале, заедно со уште две лица. Таа ќе биде задржана во притвор една недела во очекување на истрага, соопшти полицијата без да даде детали за апсењето.– Има информации дека Али Салим е уапсена поради црна магија на претседателот Мохамед Муизу – пренесува локалниот Сан.Полицијата не сакаше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира објавата.Волшебството не е кривично дело според кривичното право на Малдивите, со мнозинско муслиманско население, но според исламскиот закон, се казнува со шест месеци затвор.На островот Манаду, тројца соседи минатата година избоделе до смрт 62-годишна жена, откако била обвинета дека практикува црна магија, објави локалниот портал „Михаару“.Во 2012 година, полицијата се обиде да разбие политички митинг на опозицијата откако ги обвини организаторите дека фрлиле „проклет петел“ врз службениците кои дошле да ги претресат нивните канцеларии.

Пронајдете не на следниве мрежи: