НАТО ЈА ЗАСИЛУВА ИСТОЧНАТА ГРАНИЦА, ИСПРАЌА НОВИ ВОЕНИ ТРУПИ ВО БУГАРИЈА И РОМАНИЈА

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Тод Волтерс, предложи НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија, објави германскиот весник Шпигел.

Како што наведе, Волтерс ова го предложил откако Русија, како што се тврди, акумулирала војници во близина на границата со Украина, пренесува Ројтерс.

„Шпигел“ не го цитираше директно Волтерс, но наведе дека има информации дека Волтерс „повикал на зајакнување на трупите на НАТО на источната граница“ за време на разговорите преку видео врска со воените команданти на земјите партнери.

Германскиот весник наведува дека предлозите на Вотерс значат проширување на военото присуство на мисијата на НАТО, во рамките на која Алијансата распореди воени сили во балтичките земји и во источна Полска.

НАТО одби да ги коментира наводите на Шпигел.

Бугарија и Романија веќе повикаа на проширување на военото присуство на НАТО во тие земји.

Военото зголемување на руските сили во близина на Украина доведе до зголемени тензии меѓу Москва и НАТО.

НАТО ја повика Русија да не ја напаѓа Украина, а Русија негираше дека планира да изврши инвазија.

Пронајдете не на следниве мрежи: