Нетанјаху: Победата е на дофат на рака

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека офанзивата во Рафах е клучна за поразување на Хамас.

„Победата е на дофат“, рече Нетанјаху во интервју за Еј-Би-Си кое во целост ќе се емитува вечерва.
Нетанјаху, во пресрет на очекуваната офанзива на Рафах, изјави дека израелската армија ќе обезбеди „безбеден премин за цивилите“, отфрлајќи ги наводите дека таков напад ќе предизвика катастрофа.
„Оние кои велат дека во никој случај не треба да влеземе во Рафах, во основа ни велат да ја изгубиме војната“, рече Нетанјаху.
Тој не даде детали ниту времето за копнениот напад врз Рафах, најјужниот дел на Појасот Газа, кој граничи со Египет.

Пронајдете не на следниве мрежи: